October 23, 2021, 9:45 am

(Видео) Стpaшен пожар во Грција, изгореа над 2000 хектари шума

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем пожар ја зафати околината на Коринт во Грција, на околу 80 километри од Атина, а чадот, стигна и до грчката престолнина, но и до Кикладските острови. Досега се изгорени околу 2000 хектари шума.

Ќе биде тешка вечер, од сите што се во поширокиот регион, бараме претпазливост, водиме битка во тешки услови, рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес конференција за пожарот во околината на Коринт и соопшти дека е активиран целиот механизам за зашитита на луѓето, а процените се дека изгореле околу 2.000 хектари шума, јави дописничката на МИА од Атина.

Хардаљас објасни дека пожарот започнал од горење на остатоци од маслиново дрво, но и дека на терен се 265 пожарникари со десет пешадиски тимови од војската, а од шест часот утрово се интервенира и од воздух со авиони и хеликоптери. Дополнително, помагаат цистерни од општината и волонтери.

Од Секретаријатот за цивилна заштита, со две пораки испратени во 14 и 15 часот, преку специјалниот број за итни случаи 112, побараа од жителите на повеќе делови во близина на Коринт да ги напуштат домовите, а досега, превентивно, евакуирани се 12 населби и два манастири.

Пет од селата беа евакуирани синоќа, а останатите седум во текот на денешниот ден.

Поради ветерот, пожарот се шири брзо, а неофицијално, според медиумите, дел од куќите претрпеле материјална штета.

Пожарот е на околу 80 километри од Атина, а чадот, стигна и до грчката престолнина, но и до Кикладските острови.

https://www.youtube.com/watch?v=w4FO-JPCYKY

(Ви)

Latest News

Ѓорѓиев: Мaлa дpжава сме, ама Македонците имaaт нajгoлeмо cpцe

Македонскиот кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев, четврти пат дојде до златниот медал на Светското првенство (СП), кое оваа година се одржа...

More Articles Like This