(Видео) Судири во Холандија: Демонстранти ги нaпаднaa болниците во повеќе градови во земјата

Поврзано

Oрбан пpeдупредува: Додека Европа се бopи пpoтив ковид-19, ЕПП води игра за надмоќ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше денеска Европската народна партија (ЕПП), која Фидес неодамна ја напушти, дека се занимава...

Британски сој на kopонавирусот регистриран кај вториот македонски граѓанин вратен од Занзибар

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент...

ЕК: „Cпyтник V“ нe e дeл oд ЕУ cтpaтeгиjaтa зa вakциниpaњe

Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела...
- Advertisement -

Четврта вечер по ред во Холандија се одржаа протести против мерките за карантин, додека излозите на некои продавници беа забарикадирани, а нивните вработени порано беа испратени дома заради безбедност, пренесува Ројтерс.

Властите ги повикаа родителите да ги чуваат своите тинејџерски деца во домови, предупредувајќи дека може да завршат со кривично досие и дека можат да добијат огромни казни за уништување автомобили, продавници и јавен имот.

Во повеќе од десет градови беше повикана полицијата да ги сузбие немирите, а во многу од нив беа издадени наредби за итни случаи, кои на полицајците им даваат поголеми овластувања да вршат претреси, пренесува Танјуг.

„Имавме протести во минатото, но ретко се одржуваа неколку ноќи по ред во градовите низ целата земја“, рече портпарол на националната полиција. Таа објасни дека тие не се одржуваат само во области за кои се знае дека се проблематични, туку се многу пораспространети.

Холандската полиција синоќа уапси повеќе од 180 лица кога групи демонстранти започнаа да палат оган, фрлаат камења и ограбуваат продавници во повеќе градови. Досега се уапсени над 470 лица , најголемиот дел од агресијата беше насочена кон припадници на агенциите за спроведување на законот, а полицијата користеше водени топови во повеќе градови.

Болница во Ротердам ги предупреди роднините и пријателите на пациентите да не доаѓаат, откако демонстрантите ги нападнаа болниците во повеќе градови во текот на претходните денови. Десет полицајци се повредени синоќа во Ротердаm.

Во саботата во Холандија стапи на сила полицискиот час , прв по Втората светска војна, и покрај фактот дека бројот на новозаболени се намалува со недели, откако Националниот институт за здравство соопшти дека новиот вид откриен во Велика Британија претставува третина од новите случаи.

Училиштата и продавниците кои не продаваат неопходни намирници беа затворени во средината на декември, а кафулињата и рестораните два месеци пред тоа.

Latest News

Едностран договор: Во Македонија се гледа бугарска телевизија, но не и македонска во Бугарија

Од вчера македонските граѓани кои се на мрежата на Телеком можат да ја следата програмата на бугарската национална телевизија....

More Articles Like This