(ВИДЕО) ТАТЈАНА СТОЈАНОВСКА: Ме освои со својот интелект и шарм!

  • February 14, 2019

Прекрасната телевизиска водителка на Канал 5 Татјана Стојановска пред камерите на магазинот Бекстејџ откри детали за својот приватен живот и врската која ја има со својот Михаил.
Таа веќе неколку години е во врска со својот сакан Михаил за кого вели дека ја освоил со својот интелект и шарм.

Јас секогаш велам дека ако го најдеш вистинскиот човек,вистинскиот партнер, тогаш дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас впрочев пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и нема потпис, но живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Сметам дека клучот на заедничкото живеење и сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави, се она кое што дава успех, без разлика која е формата на релацијата и на врската.
Со што ве освои вашиот партнер?

Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената.

Интервјуто го заврши со зборови за својот син Матеј за кого вели дека имаат одлична конекција како мајка и син. Понекогаш немаат исти мислења, но секогаш на крај се сведува да ги почитувам неговите ставови.

Претходно «
Следно »