(Видео) ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Светските лидери му се потсмеваат на Доналд Трамп

  • December 4, 2019

На НАТО Самитот во Лондон, на кој се одржаа неколку значајни состаноци меѓу премиерите и претседателите, камерите ги уловија канадскиот премиер Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон го озборуваат Доналд Трамп во Бакингемската палата.

Макрон, кој го налути Трамп со изјавата дека НАТО е во „состојба на moзочна смрт”, беше фатен на видео снимка како говори пpотив непознат соработник во разговор со Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и холандскиот – Марк Руте.

Муабетот се однесува на извесна „40-минутна конференција“ поради која Макрон доцнел. Според многумина, забелешката се однесува на состанокот Макрон – Трамп претходно тој ден. Трудо пак, натаму ќе рече: „Штотуку видовте како членовите на неговиот тим (наводно, на Трамп), останаа со отворена уста”.

Претходно «
Следно »