September 18, 2021, 8:02 am

(Видео) „Фемили Аеродром“ со шоу испратија честитка за роденденот на Марко Божиновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навивачката група на МЗТ Скопје, популарните „Фемили Аеродром“ направија пиротехничко шоу зад ТЦ „Бисер“ во оваа општина, во чест на роденденот на прерано починатиот ракометар на Бутел, Марко Божиновски.

На денешниот ден, 11 септември поранешното крило на бутелчани ќе наполнеше 21 година. Токму поради тоа, точно на полноќ општината Аеродром „гореше“ во чест на починатиот другар. Како член на навивачката група на МЗТ уште од млади години, Божиновски имаше многу пријатели во општината каде што живееше.

Сега, на денот кога тој ќе наполнеше 21 година „Фемили Аеродром“ решија да му испратат честитка.

Аеродромци се познати по тоа дека секогаш оддаваат чест на свои, за жал починати членови. Така, во организација на навивачката група се одржува Меморијална трка под името „Гитко Стронг“, како и турнир во мал фудбал наречен „Виктор Јосифовски – Хард“.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

(Видео) Салиу: Како е можно премиерот да ги каже овие зборови?

Како е можно премиерот да ги каже овие зборови, прашува новинарот Фуркан Салиу, коментирајќи ја вчерашната изјава на Зоран...

More Articles Like This