(Видео) ХАОС НА ЛЕЗБОС: Повторно демонстрации во мигрантскиот камп

  • July 18, 2017
  • Коментари
На островот Лезбос во Грција денес повторно има немири во преполниот камп за мигранти, а властите уапсиле 35 мигранти.

Откако полицијата употреби солзавец против демонстрантите, кои во кампот Мориј фрлале сокамења, властите соопштија дека се уапсени 35 мигранти поради нарушување на јавниот ред .

Според нивните тврдења,демонстрантите исто така внатре и пред кампот подметнале пожари.

Повеќе од 14.000 мигранти останале заглавени на Лезбос и на други грчки острови во близина на Турција.

Забрането им е да патуваат на грко копно, после договорот кој е донесен помеѓу ЕУ и Турција минатата година, со што се ограничува миграцијата кон Европа.

Претходно «
Следно »