January 24, 2021, 11:09 am

(Видео) Хрватска пратеничка избpkaна од Парламентот бидејќи oдбилa да cтaви мacка

Поврзано

Пендаровски се консултира со правни експерти за Законот за попис, деновиве ќе се знае неговиот став

Претседателот Стево Пендаровски е во консултации со правни експерти, па потоа ќе го потпише законот за попис, изјавија за...

Внимавајте ако патувате: Влажни коловози, снег во Маврово и кај Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот...

И нa Брнз и дojдe пpeкy глaвa: Beтoтo на Бугарија e pизик нe caмo зa Македонија, туку и за ЕУ

САД се разочарани од ветото на Бугарија поради бројни причини, а пред сѐ затоа што веруваат дека Македонија беше...
- Advertisement -

Претседателот на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, ја избрка пратеничката Каролина Видовиќ-Кришто од собраниската сала затоа што ја извади заштитната маска.

Пратеничка на движењето „Татковина“ побара од Националниот штаб за цивилна заштита да ја укине обврската за носење маска за деца, а бидејќи таа одби да ја стави маската, Јандроковиќ ја отстрани од седницата до крајот на денот, пренесува Индекс.

Стави ја маската прво или ќе морам да те исклучам од дебатата, се закани Јандроковиќ и потоа рече: „Имаме пауза од пет минути, а јас, госпоѓо Кристо, ќе ве отстранам од парламентот до крајот на денот.

Пратеничката презентираше 1.033 писма од родители од иницијативата „Родители 0-24“ со кои се бара укинување на Националниот штаб за цивилна заштита, а повика на итен крај на, како што рече, „сомнителното и прекумерно и непотребно присилување на децата и лишување од слобода„.

Барањето е веднаш да престанеме да се носат маски кај деца, рече Видовиќ Кристо, повикувајќи се на научни истражувања за кои тврди дека покажале оти носењето маски не придонесува за намалување на инфекцијата со коронавирус и може да предизвика здравствени и психолошки проблеми кај децата. Пораката на родителите е – не измачувајте ги нашите деца со маски затоа што нема основа за тоа, нагласи таа.

Таа исто така ги критикуваше, како што тврди, прекумерната употреба на средства за дезинфекција и непотребните тестови за коронавирус на луѓе кои немаат симптоми, за што Хрватска, како што рече, непотребно „фрлила“ 200 милиони куни.

Latest News

СДСМ и Заев единствено ги бранат бугарските интереси

Тешко на Македонија ако дојде време сега СДСМ и Заев да ги бранат националните интереси, кога продадоа се. СДСМ и...

More Articles Like This