(Видео) ХРВАТСКИ НОВИНАР ЗАСПА ЗА ВРЕМЕ НА ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ ПЛЕНКОВИЌ: Хит видео во регионот од реакцијата на хрватскиот новинар Шпрајц

  • October 11, 2018

Хрватскиот новинар, 50 годишниот Зоран Шпрајц во средата после прилог за несоница на своите гледачи им даде совет како да се носат со овој се почест проблем.

-На веб страната на Владата на РХ кликнете на „Седници на Владата“ и одберете некој од воведните говори на Андреј Пленковиќ. Кој од тоа не заспие никогаш нема, им објасни Шпрајц на гледачите, по што ја стави главата на водителскиот пулт и заспа.

Ова видео стана хит, иако и не баш оригинална идеја. Овој потег со „спиење“ во студио го изведувале водители на бројни телевизиски куќи.

Така водителите на Би-Би-Си заспиваа за време на временска прогноза, а водителка на ИТВ глумеше дека спие при говорот на Пирс Морган.

 

Претходно «
Следно »