October 27, 2021, 9:31 pm

(Видео) Целосно изгope и потона најголемиот ирански вoeн брод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот ирански воен брод „Карго“ потона денеска по пожарот што избувна за време на вежбите во Оманскиот Залив, но екипажот избега, пренесоа иранските медиуми.

Нема повеќе детали за инцидентот, а бродот потона во регионот каде и порано имало обвинувања за напади врз бродови на Иран и Израел, објави Ројтерс.

Иранската државна телевизија објави дека „Карг“ започнал да гори синоќа околу 2 часот и 25 минути по полноќ, во близина на пристаништето Јаск, каде што бил на вежбите.

Спасувачките операции траеле со часови.

„Сите напори да се спаси бродот беа неуспешни, па потона“, соопшти новинската агенција Фарс.

Минатата година, еден ирански воен брод случајно погоди друг брод за време на вежба, при што загинаа 19 члена на екипажот, а 15 беа ранети.

Инцидентот се случил за време на вежба во Заливот на Оман.

Иранските агенции јавуваат дека бродот потонал.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

1 коментар

Latest News

Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена

„На 31ви, Општина Росоман ќе остане прогресивна општина, обединета која ќе го зграпчи убавото кое доаѓа пред нас, европската...

More Articles Like This