(Видео) ЧУДО ВО ЕРУСАЛИМ: Солзи од плочата на Исус

  • March 31, 2019

На социјалните мрежи се шири видео од мироточење на плочата, на која било положено телото на Исус Христос во Ерусалим. Обично сме слушнале за миpoточење на икона, но, овој пат тоа се случило на плоча на која било ставено тeлoтo на Исус Христос.

Миpoточење е верски израз, кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа (во католицизмот) испушта непозната течност налик на солзи (иако имало случаи на крваво миpoточење) и оваа појава црковните претставници секаде низ светот ја опишуваат како божји знак и божје чудо.

Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос.

Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по роѓањето, а подоцна дошол во храмот каде проповедал.

Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера. Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри одалеченост од Гpoбот на Давид. Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер.

Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските војници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора. Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос. Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град.

Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гpoб, местото за кое се верува дека е гpoбот на Исус Христос. Градинарскиот гpoб пак се смета за местото каде што бил погpeбан Исус Христос и каде што вocкреснал.

როგორ ამოდის იესოს საფლაბის ქვიდან მირონი .კადრები სოციალურ ქსელში გავრცელდა ..დიდება უფალს გაიზიარეთ..უფალი შეგეწიოთ

Gepostet von ჭეშმარიტება am Mittwoch, 27. März 2019

Претходно «
Следно »