(Видео) Штипjaни paзочapани: Ajдyци – caмо ги пoлнaт куфepите, aнкeтa нa Инфомaкc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Инфомакс утринава беше во градот под Исарот, Штип каде снимивме анкета со граѓаните и ги запрашавме колку се задоволни од локалната и централната власт во Македонија, како се снаоѓаат во време на пандемија и дали и колку добиваат помош од државата.

Она што не затекна беше празниот плоштад во центарот на градот по кој на далеку е познат Штип. Голем дел од продавнците и локалите се затворени, дуќаните се издаваат, меѓутоа зад камерите сопствениците ни посочуваат дека имаат невозможна мисија бидејќи никој не сака да ризикува во време на криза.

Сопствениците на локалите кои ги затекнавме празни велат, работиме колку да не седиме дома, профит и заработка немаме веќе цела година.

Во Штип отсуствува и џагорот на студентите.

Лошата атмосфера ја надополнуваше и песимизмот на граѓаните кои пред камерите на Инфомакс не можеа да го сокријат своето незадоволство од состојбата во државата.

Мнозинството граѓани се незадоволни од работата на локалната самоуправа и екс градоначалникот актуелен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски. Граѓаните не заборавија да го потсетат и на неостварените ветувања.

Незадоволство има и од она што го работи централната власт, која според граѓаните лошо се справува со пандемијата.

Тие велат дека работа нема, платите се намалени, многумина се останати без работа, бараат повисоки пензии и поголема помош од државата.

Погледнете ја во целата анкетата која денес ја снимивме во Штип.

Ajдyци – Caмо ги полнат куфepите: Анкeтe нa Инфомaкc во Штип

Штипјани разочарани: Ajдyци – Caмо ги полнат куфepите, Анкeтa нa Инфомaкc

Posted by infomax.mk on Friday, October 16, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This