January 23, 2021, 8:50 am

(Видео) Што вети, а што исполни градоначалникот на Гaзи Баба во неговиот мандат?

Поврзано

Време е за соборување на оваа Влада, им виси мнозинството

За жал Власта сака да прави политички попис. Ние како опозициска партија дадовме шанса за заеднички да седнеме и...

Шилегов: Ќе побарам поддршка од Заев за втор мандат

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,во вечерашното издание на „360 степени“ рече дека планира повторно да се кандидира за...

Заев: „Нема правда, ако не ја зборувате вистината од почеток до крај“

Нема правда, ако не ја зборувате вистината од почеток до крај“, рече премиерот Заев одговарајќи на прашањето дали со...
- Advertisement -

Неодамна градоначалникот Борис Георгиевски објави дека три години посветено работел во интерес на сите граѓани во Општина Гази Баба и дека сериозно работел на решавање на секој проблем. Токму затоа во оваа прилика сакаме да се обратиме на граѓаните на урбаните заедници Маџари 2 и Крсте Мисирков, да воочиме што им вети градоначалникот, а што исполни во неговиот мандат, истакна на денешната прес-конференција Бобан Стевковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие урбани заедници се пример за соживот на граѓаните од различна националност, но заедно го понесуваат товарот на неспособноста на локалната самоуправа.

Борис Георгиевски во 2017-тата година вети дека ќе изгради катна гаража во комплексот на поликлиника Ченто, при што самите можете да се уверите дека до денес за овој проект нема отпочнато никаква постапка.

Жителите прашуваат зошто до сега не се изгради катната гаража која треба да го реши проблемот со паркирањето.

Понатака во списокот на милозвучни желби на градоначалникот пишува дека ќе донел детален урбанистички план за пазарот кој е од големо значење на граѓаните од овие урбани заедници но и пошироко. И ова ветување е неисполнето.

Детското село СОС е гордост на нашата општина и заслужува најдобри услови за функционирање.

Напротив, просторот на влезот на улицата која води до ова село остана неуреден.

Познато е дека Борис Георгиевски е приврзаник на политиката на бетонизација како што планира да го направи во Автокоманда, па разбираме зошто не сака да го уреди финскиот парк, да го обнови детското катче и да го уреди паркот во Ченто.

Колку се ефикасни локалната и централната власт се гледа по тоа што заедно не можат да го стават во функција ниту домот за култура во оваа месна заедница.

Господине градоначалник вие сте најголемиот проблем на граѓаните на општина Гази Баба кој за општо добро ќе биде решен на следните локални избори. Вие и вашата партија само декларативно се залагате за едно општество за сите, а во реалноста спроведувате една беда за сите. Не се кријте позади пароли за соживот кој долго време постои уште пред вие да дојдете на власт.

Почитувани граѓани отворете ја програмата на градоначалникот и уверете се колку може да биде голема лагата од ониe кои што ги плаќаме со наши пари за да работат за наше добро, рече Стевковски.

Latest News

(Видео) Opо, пиjaчки и тамбypaши сред Koвид-центарот – сестрите испраќаат колешка во пензиja

Шокантната снимка на која се гледа како медицински сестри и помошен персонал играат оро и пејат заедно со свирачите...

More Articles Like This