(Видео) Ја отворил вратата од авионот бидејќи му било жeшко: Патник пpeдизвика четиричасовно одложување на летот Москва – Анталија

Синоќа се случи инцидент во авионот на компанијата „Русија“ на аеродромот во Москва Шереметјево. Летот Москва – Анталија доцнел, а еден од патниците не можел да ја издржи топлината, па го отворил излезот за итни случаи, поради што летот на крајот бил одложен за цели четири часа, пренесуваат руските медиуми.

Според медиумите, поради доцнењето на летот, луѓето биле принудени да седат во авионот околу еден час во кој не работи климатизацијата и бил многу загушлив.

На многу патници им се слошило поради тоа, па еден од патниците го отвори излезот за евакуација додека авионот се подготвуваше да полета, поради што беше активиран слајдот за евакуација, пренесува „Москва 24“.

Авиокомпанијата тврди дека до тој момент доцнењето на летот не било подолго од 20 минути и има намера да побара обештетување од патникот кој го отвори излезот за евакуација.

Патниците се симнале од авионот, авионот беше заменет, а летот доцнел за четири часа поради инцидентот.

Патем, медиумите пишуваа дека огромни горештини биле забележани во Москва ова лето и дека за една недела во јуни, во градот биле срушени четири рекорди на температурата поставени во 1917 година, двапати во 1948 и 2013 година. Температурата во главниот град достигнува до 35 степени.