(Видео) ШАМПИОН ВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Шилегов го задолжи градот за 15 милиони евра

  • January 29, 2020
  • Коментари

Градоначалникот Петре Шилегов освен тоа што е единствениот во светот кој што троши стотици илјади евра за чистење на снег, во време кога во градот нема паднато снег, тој е и единствениот кој се задолжува со фрапантни 15 милиони евра во исто време кога ги зголемува непродуктивните трошења во градот. Само на оваа седница на совет Петре Шилегов ќе го задолжи градот Скопје со нови 15 милиони евра, во исто време кога се зголемуваат бројот на партиски вработувања, а скопјани немаат ниту еден проект, изјави денеска Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Попова потенцираше дека Шилегов исто како и владата во заминување станува шампион во задолжување.

„Со кредитите од 15 милиони евра Шилегов секое семејство во Скопје ќе го задолжи отприлика со 100 евра. Од овие 15 милиони евра, од нив 12.5 милиони евра се за забавниот парк, кој веќе требаше да биде завршен и кој во најголема мера беше изработен со обезбедени реквизити кои што ги наследи. Јавните претпријатија паркови и зеленило и улица и патишта ќе ги заглави со долг од 2.5 милиони евра за наводна набавка на опрема во исто време кога го зголемува бројот на партиски вработувања.“

Попова запраша дали овие кредити од 15 милиони евра на Шилегов не се инекција во пресрет на изборите?

„Зошто го заглавува градот Скопје со 15 милиони евра долг? Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија нема да гласа за криминалното задолжување со 15 милиони евра што Шилегов го прави со градот Скопје. Шилегов градоначалник на кредити, човек без визија и план за Скопје.“

Претходно «
Следно »