March 29, 2024, 12:32 pm

(Видео) 28 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација како независна Македонија – Словенија падна со 4:1

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фудбалска репрезентација на денешен ден (13 октомври 1993 година) во Крањ, Словенија го одигра првиот официјален пријателски натпревар, откако нашата држава стана самостојна, суверена и независна. Македонија славеше победа над Словенија со 4:1.

Пред 28 години на денешен ден започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Зоран Бошковски – Чоко беше стрелец на првиот гол. Tој и неговиот гол, влегоа во историјата на оваа држава.

ДОНЧО, ПАНЧЕВ, ЧОКО, ЦАПАР, ЧЕДЕ, ИЛИЈА…Македонија е самостојна држава од 1991 година, но две години подоцна доби шанса од ФИФА и УЕФА да настапува како посебна репрезентација.

Тогашниот Фудбалски Сојуз на Македонија, сега ФФМ, се одлучи првиот меч да се одигра во Крањ, на гости во Словенија и тоа на 13 октомври 1993 година.

Селекторот Андон Дончевски имаше силен состав, тука беа Дарко Панчев, потоа Зоран Бошковски – Чоко, Драган Канатларовски – Цапар, Чеде Јаневски, Илија Најдоски и другите.

Тогаш таа Словенија беше лесен залак, Македонија славеше победа со 4:1. Тој 13 октомври во Крањ со златни букви ќе биде запишан како датум на кој стартуваше нашата фудбалска репрезентативна историја. И веќе во 3. минута гол, водство. По додавањето на Дарко Панчев, Чоко Бошковски уште во 3. минута постигна гол, првиот за Македонија. На радоста и немаше крај. Следуваа головите на Панчев (37.минута), Чеде Јаневски (48.минута) и на Драган Канатларовски (51.минута) за голема победа од 4:1.

Почесниот гол за домашните беше дело на Пате (40.минута). Дончевски на тој натпревар им даде шанса на следните момци: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63. Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (86. Ванчо Мицевски),Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (12.Горан Георгиевски, 73. Саше Милошевски), Тони Мицевски.

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД 45 ЧЛЕНОВИ Како за прв натпревар нашата делегација во Крањ и не била така бројна. Околу 45 фудбалери, тренери на чело со чичко Дончо, потоа доктори, претставници и функционери на Фудбалскииот Сојуз, потоа гости, познати фаци и бизнисмени, но и седумммина новинари. Од МТВ, од Македонско радио и од печатените медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This