(Видео) 3апaдот тpeпери: Успешно тестирана „непобедливата“ ракета на Путин – За неа НАТО нema одговор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руското министерство за одбрана (МО) објави видео во кое се прикажува успешен тест на нова хиперсонична ракета.

“Ракетата Циркон успешно ја погоди целта во Белото Море со директен удар на растојание од над 350 километри. Тестот ги потврди тактичките и техничките перформанси на ракетата, а ракетата леташе со брзина од 7 Мах”, велат од руското министерство за одбрана.

Лансирањето беше спроведено од фрегата од класа Адмирал Горшков, лоцирана во Белото Море на северозападниот брег на Русија. Ракетата наводно погодила копнена цел на 350 километри на брегот на Баренцовото Море.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ракетата Циркон може да се движи со брзина од 9 Мах, или околу 6.900 км / ч на растојание од 1.000 километри.

Путин го опиша лансирањата како „голем настан не само за руските вооружени сили, туку и за цела Русија“.

Наспроти позадината на зголемените тензии меѓу НАТО и Русија, Москва е во процес на распоредување на бројни хиперсонични ракети кои што Путин ги смета за „непобедливи“ бидејќи во моментов не постои систем за противвоздушна одбрана кој може да ги собори.

Само Русија и Кина имаат во своите залихи хиперсонично оружје, додека САД продолжуваат да ја губат воената надмоќ на ова поле.

Рускиот МО објави видео од лансирањето.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This