October 21, 2021, 11:45 am

(Видео) 3aeв oткрива за колку години Македонија ќе стане членка на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не станува збор просто само членството во ЕУ, за нас клучна цел е европеизацијата на нашата земја. Покажавме вистинска посветеност на овој процес и покрај тоа што од 2005 година сме земја кандидат и 16,5 години чекаме да се случи следниот чекор. На јасно сме дека до членството ќе поминат можеби уште 5, 7 или 10 и повеќе години, но ЕУ е неопходно да ги исполни своите ветувања, да ни овозможи да го направиме следниот чекор“, истакнал претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“ на англиски јазик, соопшти Владата во соопштение. Премиерот навел дека за жал ЕУ не го испорача ветувањето пред граѓаните на Македонија и сега разочарувањето е навистина големо.

„Претседателот на Владата Заев посочи дека европеизацијата и членството во ЕУ немаат алтернатива, пред сè поради вредностите на Унијата кои значат подобра и просперитетна иднина, но додаде дека земјите од Западен Балкан, кои се како своевиден остров оставен во ЕУ на овој начин се оставаат на можноста да се соочат со други влијанија. Во однос на нашиот европски пат со Албанија, премиерот Заев истакна дека станува за збор за спојување од практична причина, при што наведе дека секоја земја треба да се оценува самостојно, иако во слична ситуација се најдовме пред неколку години, но во обратна насока кога патот на Тирана беше блокиран, стои во соопштението..

Во однос на пречките со Бугарија на нашиот европски пат, премиерот Заев изразил оптимизам дека по формирањето на политичка Влада во Софија се отвора можност за надминување на овие прашања и посочи дека Владата на Македонија го задржува курсот на посветеност и пријателство.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

(Видео) Пецаков: Пocтaвyвање фoтoвoлтaични пaнeли за зaштитa на живoтнaтa cpeдинa и нaмaлeни тpoшoци зa eлeктpичнa eнepгиja

Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање...

More Articles Like This