October 18, 2021, 6:11 pm

(Видео) Cтoтици лyѓe ja пoминaлe нoќтa вo шaтopи и пapкoви… – Пpви cнимки oд нoвиoт пoтpec вo Kpит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После немирната ноќ и повеќето силни потреси кои вчера го тресеа Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен земјотрес со јачина од над 5 степени според Рихтерова скала.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од силниот земјотрес, одеднаш се почнало да се руши.

Засега нема информации дали и колку точно жртви има после новиот потрес. 

Да потсетиме, вчера загина човек кога врз него се сруши црква и тоа пред очите на неговото дете.

Според податоците на Гоединамичката национална опсерваторија во Атина, потресот кој бил регистриран утрово во 07:48 часот имал прелиминарна магнитуда од 5,4 степени споиред Рихтер, а епицентарот му бил 23 километри југозападно од градот Ираклион, пренесува Екатимерини.

Стотици луѓе во регионот ноќта ја поминале во шатори и паркови или спиеле во автомобилите после вчерашниот земјотрес во Крит.

Објава може да погледнете ТУКА.

Видео може да погледнете ТУКА.

Latest News

(Фото) Муцунски го поkоси Цанде со скоро 10.000 гласови

Општина Аеродром го доби својот нов градоначалник – Тимчо Муцунски кој што беше кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според најновите податоци...

More Articles Like This