(Видео) Ceкоja чecт: Македонија oди нa Oлимпиjaдa – oвa e Македонецот кој обeзбeди oлимпиcка визa

Поврзано

- Advertisement -

Македонија оди на Олимпијада во престолнината на Јапонија!

Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори за настап на Игрите во Токио и ја направи горда цела Македонија.

Во исклучително силна конкуренција во Софија, тој обезбеди олимписка норма и вистински ја израдува македонската јавност. Го победи олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Инаку, Георгиевски (+80 кг) е сениорски европски шампион во 2017 година и носител на сребрен медал од Европско првенство во 2020 година.

Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезбеди олимписка виза- пред него тоа го оствари борачот Могамедгаџи Нуров.

И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски упати честитки.

-МАКЕДОНИЈА ОДИ НА ОЛИМПИЈАДА

БРАВО ДЕКИ БРАВО МАЈСТОРЕ 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Честитки за победата над олимпискиот шампион и освојувањето на норма за Токио.
Честитки до тренерите д-р Борче Костовски и Дарко Костовски за љубовта кон спортот и ова што го прават за МАКЕДОНИЈА.
Поздрав и честитки и до другите борци од Таеквондо клуб Бутел, ВИЕ СТЕ НОВАТА ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Помошниот тренер Дарко Костовски, откри дека на Дејан токму денеска му било и роденден.

-СОНУВАВМЕ ЗА ТОА, ЖИВЕЕВМЕ ЗА ТОА, ОДИМЕ НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО !!!
СЛАВА ТИ ГОСПОДЕ !!!
Дејан Георгиевски со победа над актуелниот ОЛИМПИСКИ шампион Радик Исаев од Азербејџан резултат 13:6 обезбеди ИСТОРИСКА ОЛИМПИСКА НОРМА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ОЛИМПИСКОТО МАКЕДОНСКО ТАЕКВОНДО ЗА ОЛИМПИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА !!!
Дејан имаше денеска две борби, првата над Динко Шегедин ја доби со апсолутна доминација !
ДОПОЛНИТЕЛНА УБАВИНА Е ТОА ШТО НА ДЕЈАН ДЕНЕСКА МУ Е РОДЕНДЕН !!! Фала му на Господ за овој Божји подарок !
Да не заборавиме дека вчера Филип Додевски го спречи скршеница на раката на патот за олимписка норма, за малку чудото ќе беше уште поголемо со две норми, секако одлична беше и Анамарија !
Во оваа прилика сакам лично да му се поклонам на братми Борче Костовски, кој што исто како и јас живееше за овој миг, но тој е НАЈГЛАВНИОТ кривец за овој ИСТОРИСКИ МАКЕДОНСКИ МИГ !!!!
Благодарност до претседателот на МОК Даниел Димевски и спортскиот директор Владимит Богоевски што пвие олимписки квалификации ги поминаа заедно со нас во Софија.
РАДУВАЈСЕ МАКЕДОНИЈО, ВО ТОКИО ОДИМЕ ПО ЗЛАТО И НИКАКО ПОИНАКУ !!!!

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Latest News

Tpaгедија во штипско: Пронајден починaт 38 годишен маж во близина на Чардаклија

Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија. Во соопштениоето на СВР-Штип се вели...

More Articles Like This