November 28, 2021, 6:37 pm

(Видео) Kopoнaвиpycoт кocи во Индија: Влacтитe нapeдиja ceчeњe дpвja вo пapкoвитe зa мacoвни кpeмиpaњa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради огромниот број на починати пациенти од коронавирус во Њу Делхи и другите градови во Индија колони амбуланти чекаат на ред за да ги пренесат починатите во крематориумот, а на гробиштата нема слободни места за погреб, пренесува АП.

Вирусот корона се шири со рекордна стапка во Индија, болниците, кои останале без резерви на кислород во медицината, молат добавувачи за помош, а ужалените луѓе на улица жалат за своите најмили кои починале чекајќи да бидат примени во болниците.

Преполните гробишта и крематориумите се застрашувачки симбол на сегашната криза, но и показател дека здравствениот систем во Индија се распаѓа. Во болниците се почесто се случува еден кревет да го делат двајца, а понекогаш и три пациенти, објави АП.

Во трката со времето, властите се обидуваат да набават дополнителни кревети, респиратори и резерви на медицински кислород.

Latest News

Еве од што зависи оставkaта на Заев

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција или пак ќе го...

More Articles Like This