January 23, 2021, 7:54 am

(Видео) Maкедонско сценарио во Црна Гора: Ми нyдea 21 милион евpa зa дa мy ce пpиклyчaм нa Ѓyкaнoвиќ

Поврзано

Шаp планина повтоpно повод за koнфлиkт – Пpиштина и Белгpад се ckаpаа за Бpезовица

„Изјавата на премиерот на Косово, Авдулах Хоти, дека има намера да вложи 600.000 евра во Ски центарот Брезовица, од...

(Видео) Ckaндал во Хрватска: Ора и песни во ковид центар не почитувајќи ги епидемиолошките мерки

„РТЛ“ објави снимка од забава во болничката болница Дубрава, каде медицинските сестри и придружниот персонал пеат, танцуваат и пијат...

Дур Шилегов си игра мајтап со Скопјани, Белград добива метро

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, денес соопшти дека изградбата на првата линија на белградското метро од Железник...
- Advertisement -

Лидерот на Граѓанското движење “УРА” и кандидат за потпретседател на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, за “ТВ Вијести”, разговара за последните случувања во земјата.

Во емисијата “Начисто” на “TВ Вијести”, Абазовиќ разговара за формирањето на новата црногорска влада и приоритетите кои влдата мора да ги има во наредниот период.

Помеѓу останатото, на прашањето дали се вистинити наводите на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ дека на Абазовиќ му биле понудени пари за да се приклучи во коалицијата на Мило Ѓукановиќ, тој вели дека тоа е точно.

“Не сакам од себе да правам жртва. Имам големи притисоци, затоа што влогот кој го добивме после изборите е огромен. Меѓутоа, и покрај тоа не стравувам за својата сигурност. Вистина е дека добивав понуди од некои кланови. Тоа е таа цифра која ја спомна Давидовиќ, но нема да кажувам кој што нудеше”, вели во емисијата Дритан Абазовиќ.

Покрај оваа тема, Абазовиќ разговарал и за именувањето на новата влада во Црна Гора, при што нагласил дека најважно е новите луѓе да имаат поддршка од народот.

“Оваа влада можеби нема голема поддршка во парламентот, но има голема и неприкосновена мнозинска поддршка од граѓаните на Црна Гора”, вели тој.

Инаку контроверзниот бизнисмен, Миодраг Давидовиќ Дака, чие име се спомнуваше и во Македонија, неодамна истакна дека на Абазовиќ му биле нудени 21 милион евра.

Latest News

Шаp планина повтоpно повод за koнфлиkт – Пpиштина и Белгpад се ckаpаа за Бpезовица

„Изјавата на премиерот на Косово, Авдулах Хоти, дека има намера да вложи 600.000 евра во Ски центарот Брезовица, од...

More Articles Like This