November 27, 2021, 8:57 am

(Видео) Peчиcи 75 пpoценти oд дeцaта од Poмскатa пoпyлaциja во Битола нe ce зaпишaa вo пpвo oддeлeние…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На неколку дена пред почетокот на учебната година само 44 деца од ромската популација се запишаа во прво одделение од вкупно 170 колку што се евидентирани и реонски припаѓаат во училиштето „Ѓорѓи Сугарев“ во битолската населба Баир. Поради овие загрижувачки бројки, според кои 25 проценти од ромските деца се опфатени со образовниот процес, раковдството на училиштето покрена кампања која се реалзиира со поддршка на невладиниот сектор, а со која ќе ги убедуваат семејствата да ги запишат децата на училиште, пренесува ТВ Телма.

НАШИТЕ ПЛАНОВИ СЕ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ, ЗАЕДНИЧКИ, НА ТЕРЕН, ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКАТА СЛУЖБА, РОМСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МЕДИЈАТОРИ, НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗАЕДНИЧКИ ДА НАПРАВИМЕ НАПОРТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ, РЕЧЕ РОБЕРТ ФИЛИПОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“- БИТОЛА.

Од невладиниот сектор и ромските здруженија велат дека причините за ваквата состојба се комплексни и дека тоа е резултат на социо-економските состојби, старите навики и неинформираноста, но и недовербата дека со образованието можат да го подобрат животот.

ИМАМЕ И НЕИЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ЖАЛ, НА ТОА МОРА ДА СЕ РАБОТИ, НЕ ВЕРУВААТ ВО МОЖНОСТИТЕ ШТО ЌЕ ИМ ГИ ДОНЕСЕ ОДЕЊЕТО ВО УЧИЛИШТЕ, ДАЛИ ПОДОБАР ЖИВОТ ИЛИ ДРУГИ МОЖНОСТИ. НИЕ ИМАМЕ МАЛКУ ПОЗИТИВНИ АСПКЕТИ, ПОЗИТИВНИ ЛУЃЕ, КОИ ЌЕ ПРЕТСТАВУВААТ МОТИВ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРОДОЛЖАТ НА УЧИЛИШТЕ И ДА БИДАТ УСПЕШЕН ПРИМЕР ВО ОПШТЕСТВОТО, ВЕЛИ ФАТМА БАЈРАМ АЗЕМОВСКА, НВО СУМНАЛ БИТОЛА.

Образовните медијатори кои се вклучени во кампањата велат ќе се обидат на децата од Ромската популација да им објаснат што значи образованието.

ПРЕТСТАВУВАМЕ ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР, ДЕЦАТА СЕ РАДУВААТ, НО ТОА Е САМО КРАТОК ПЕРИОД КОГА ЌЕ БИДЕШ ТАМУ И ПОТОА СЕТО ТОА ИСЧЕЗНУВА. ЗАТОА СЕ ТРУДИМЕ ДА БИДЕМЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ ВИСОКООБРАЗОВАНИ И ДА ПРЕТСТАВУВАМЕ МНОГУ ГОЛЕМ МОТИВ ЗА ЗАЕДНИЦАТА, ВЕЛИ ФЕЛИС АЛИУ, ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР.

Дека овој проблем се провлекува со години говорат и податоците од минатогодишното истражување во населбата Баир на невладиниот сектор, според кое од вкупниот број на деца само 55 посто посетуваат основно и 24 посто средно образование. Сега од училиштето „Ѓорѓи Сугарев“ очекуваат дека број на првооделенци двојно ќе се зголеми со кампањата.

Извор: telma.com.mk

Latest News

СДСМ ќе избира нов претседател на 12-ти декември

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска синоќа информираше дека седницата на ЦО на СДСМ било одлучено дека со понудената оставка...

More Articles Like This