October 30, 2020, 11:21 am

(Видео) Poкoт тeчe, нaдлeжнитe cпиjaт, нeвлaдинитe kpитикyвaaт – Дeпoниja Буково и нaтaмy фyнкциoниpa

Поврзано

Бил вo кoнтaкт co лицe пoзитивнo нa Koвид-19: Министерот Нуредини во caмoизoлaциja

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини преку својот фејсбук-профил соопшти дека е во самоизолација поради контакт...

Синот на Амди Бајрам ги покажа резултатите од тестот за кopoнавирус

Пред 6 дена во јавноста одекна веста за смртта на некогашниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите во...

Вицепремиерот Битиќи не поднел Анкетен лист за имотната состојба во Aнтиkoрупциска

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се уште не поднел Анкетен лист за својата имотна состојба и за тоа...
- Advertisement -

Истекува рокот на Унеско за затворање на депонијата Буково – државата и градот Охрид на располагање имаат уште само два и пол месеци да се справат со дивата депонија и да изнајдат решение за регионална депонија. Буково е еколошка бомба која се најде во извештајот на Комитетот за светско наследство на Унеско,како една од препораките кои мора да се испорачаат. Во Акционскиот план стои дека до крајот на 2020-та година треба да се затвори депонијата во Буково и да се изгради претоварна станица, но ништо од тоа.

Од Ј.П.” Комуналец” кое стопанисува со Буково, велат дека имале одличен план за изградба на фабрика за одлагање и селектирање на отпад, но истиот пропаднал.

„Во овој момент реално ова се диви депонии кои што работат без дозвола и од друга страна се голем трошок и за Ј.П.Ние чекаме на државата, ние како Ј.П имаме план,меѓутоа тој план се коси со националата стратегија која во меѓувреме ја донесе државата и мораме да чекаме на државата за изградба на регионалните депонии“, вели Љупчо Грданоски-дир.на Ј.П.” Комуналец”.

Невладините ги критикуваат надлежните дека го преспаа рокот кој го добија во Баку и оти повеќе немаат време да го спасат градот од загадувањето на Буково.Предупредуваат дека нерешавањето на овој горлив проблем, Унеско нема да ни го прости. Поради несоодветно третирање на отпадот, еколошките здруженија обвинуваат за загадување на животната средина и изворите од кои луѓето пијат.

„Сите тие отцедни води кои што преку таа земја доаѓаат до подземните води, носат одредени штетни хемиски соединенија.Ние мислиме дека такви штетни соединенија носи само на охридска страна, но на ресенска страна,од другата страна на Буково веќе се констатирани во некои извори штетни хемиски материи“, рече Трајче Талески-Охрид СОС.

Депониите се национален проблем и треба да се најде одржливо решение,додека да се изградат регионалните депонии.Од Центарот за развој на југозападниот плански регион кажаа дека изградбата на регионална депонија за овој регион чини 39.7 милиони евра. Експерите кои имаат искуство со вакви проекти, потенцираа дека е неизводливо со толку пари да се направи современа депонија.

„Со одредени структури сакавме да направиме депонија кај Куманово и тоа беше за целово подрачје Велес,Куманово и Скопје. Можеби, па да не ве лажам близу милјарда дојде тоа е сериозна работа,многу сериозна“, вели архитектот Димитар Зарче.

Откако министерството за животна средина се откажа од идејата за изградба на регионална депонија во Годивје, сега ја анализирале можноста таа да се гради во пелагонискиот регион.

– Росица Голабоска

Latest News

Сања Кужет направи хаос во Ѕвездите на Гранд (видео)

Водителката влета на сцената и на сред емисија ги растури хартиите Атмосферата за време на снимањето на музичкото шоу Ѕвездите...

Бил вo кoнтaкт co лицe пoзитивнo нa Koвид-19: Министерот Нуредини во caмoизoлaциja

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини преку својот фејсбук-профил соопшти дека е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на Ковид-19. –...

Синот на Амди Бајрам ги покажа резултатите од тестот за кopoнавирус

Пред 6 дена во јавноста одекна веста за смртта на некогашниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам. Бајрам почина на...

Русија: “Ја пpeдyпpeдивмe Франција за oпacнocтa oд тepopиcти од Северен Кавказ”

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Олег Сиромолотов изјави дека Русија во неколку наврати ја предупредила Франција за опасноста од терористите. Според него, тие терористи...

Научник кoj двa пaти ce caмoзapaзи co Koвид-19: Нaдeжитe зa „имyнитeт нa cтaдo“ ce зaлyдни

Професор кој по втор пат се замозарази со коронавирус со цел да ја проучи ефикасноста на стекнатите антитела, вели дека надежите за создавање на...

More Articles Like This