ВИДЕО: Twinkly се сијалички за елка кои ги контролирате со смартфон

  • December 22, 2018

Овие сијалички се она што и треба на секоја новогодишна елка. Twinkly се паметни сијалички кои вашата елка ќе ја претворат во вистинско светлосно шоу со помош на вашиот телефон. Се поставуваат на елката исто како сите обични сијалички. Потоа ја симнувате апликацијата од Google Play или од App Store.

Вистинската иновација кај сијаличките е технологијата за компјутерски вид. Апликацијата може да ја детектира локацијата на секоја сијаличка преку камерата на телефон. Откако ќе ги поставите на елка, фотографирајте ја елката за апликацијата да може да ја мапира околината и да ви приреди вистинско шоу.

Потоа едноставно избирате од многуте ефекти и уживајте во невидени анимации.

https://www.facebook.com/StartupSelfieOfficial/videos/2101121106614693/

Претходно «
Следно »