September 28, 2021, 12:21 pm

(Видео) Xaoc на Седницата на општина Гази Баба: Градоначалникот од СДСМ се обидува на сила да донесе ребаланс на буџетот за лични и партиски цели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите до кој дојде Инфомакс, повеќе од 23 часа, траела седницата на Советот на општина Гази Баба, на која градоначалникот Борис Георгиевски и советниците од СДСМ се обидувале на сила, и надвор од утврдена постапка да донесат ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба. Целокупната седница е со бројни прекршувања на деловникот, законот за локална самоуправа и други прописи.

Од тоа што може да се види на видео снимката од Седницата, нервозата кај градоначалникот Георгиевски и советниците од редовите на СДСМ расте и е под секое ниво ,кои упатуваат навредливи зборови и лични навреди кон Претседателот на Советот Тони Бојковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Некои од Советниците не можат да ја контролираат нервозата па се обидуваат и вербално и со сила да се пресметаат со советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот и советниците од редовите на СДСМ сакаат без никаква законска основа да го зголемат буџетот на 2,5 милиони евра , за партиски и лични интереси, за што советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Бојковски, жестоко реагираат и ја бојкотираат Седницата се со цел да не се дозволи да се донесе на сила и неосновано, а на штета на граѓаните на општина Гази Баба ова зголемување на буџетот од 2,5 милиони евра.

Latest News

(Видео) Poдитeлитe oд пekoлoт: Млади мајка и татко од Македонија кoи живeaт вo Германија извpшyвaлe нeвидeнa тopтypa вpз нивнитe дeцa…

Маж и жена од Македонија се осудени од судот во Менхенгладбах, мал град во близина на Дизелдорф, бидејќи таткото...

More Articles Like This