(Видео)BOЗHEMИPEHOCT НА ЛИЦЕТО НА ЗАЕВ, УРЛАЊЕ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ: Како говорот на Ѓорѓе Иванов ги вoзнeмиpи пратениците на власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наведнати глави, несигурни погледи, неартикулирани звуци, урлање – вака изгледаше денешното претпоследно обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој во својот говор отворено ја критикуваше актуелната власт и нивната бескрупулозна политика за промена на уставното име по секоја цена


На лицето на Заев можеше да се забележи вознемиреност поради говорот на пртеседателот Иванов, кој безмалку му испрати јасна порака дека е предавник на својот народ.

Целиот говор на претседателот Иванов

Годишно обраќање на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Собранието на Република Македонија

Почитувани присутни,

Уставот на Република Македонија ме обврзува како Претседател на Република Македонија барем еднаш во годината да се обратам во Собранието за прашања од мојата надлежност. Во оваа прилика, преку ова Собрание се обраќам и до македонските граѓани за најважните прашања со кои се соочува нашата Република.

Во изминатата година како Претседател на Република Македонија со Владата соработував околу повеќе прашања од споделена надлежност. Во сферата на надворешната политика, ги прифатив сите квалитетни владини предлози за амбасадори за кои сметав дека професионално ќе ја претставуваат Република Македонија во странство. Постигнавме согласност и околу новиот гувернер на Народната Банка на Република Македонија. Именував нов Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Со Собранието соработував преку именувањето на двајца нови уставни судии. И таквата соработка за доброто на државата е неопходна во секоја кохабитација. Но, има суштински важни причини поради кои нашата кохабитација е ставена на тест.

Пред некој да помисли дека ова ќе биде мое последно обраќање, мој отчет за сработеното во вториот мандат, сакам да го истакнам следново. Се уште е рано за отчет. Кога на 12 мај 2014 година по вторпат го презедов мандатот, тука, во оваа сала дадов свечена изјава дека како Претседател на Република Македонија и какоВрховен командант на вооружените сили ќе ги бранам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија од внатрешните и надворешнитепредизвици, закани и ризици. Во таа изјава стои дека ќе ги бранам Уставот и уставниот поредок на Република Македонија. Денес од ова исто место повторувам дека до таа моја заклетва ќе се придржувам до последниот ден од мојот мандат. И од тоа не мислам да отстапам.

Имам многу добра причина за мојата решителност. Бидејќи токму за време на овој втор мандат Република Македонија се соочува и со внатрешни и со надворешни закани и ризици по нејзиниот суверенитет, територијален интегритет, независност.

Се вели дека вистината ги разобличува лагите, ги открива неисполнетите ветувања, ја разоткрива нечистата совест. А има многу нечиста совест во однос на Република Македонија.

Почитувани присутни,

Неодамна во Париз учествував на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна. Сите учесници беа поканети да донираат по една книга во библиотеката на мирот. Во таа француска библиотека на мирот јас ја донирав книгата „Македонскиот јазол“ од првиот германски амбасадор во Република Македонија – Ханс Лотар Штепан. Зошто токму таа книга? Бидејќи нерешеното македонско прашање беше причина за балканските војни и влијаеше на сојузите во Првата и Втората светска војна.

За да биде одржлив, мирот мора да биде праведен. А праведноста на еден поредок, вклучително и меѓународниот поредок, се гледа од начинот на кој ги третира најмалите народи и држави. Македонскиот јазол почна полека да се разврзува со формирањето на АСНОМ-ска Македонија и со прогласувањето на независна Република Македонија. Она што е многу важно е дека Македонскиот јазол не може да се пресече, туку мора многу внимателно да се разврзува. Бидејќи, сечејќи го јазолот се сече и дели македонскиот народ. Како и сите мои претходници, така и јас како Претседател на Република Македонија работев на разврзување на тој јазол. Бев свесен дека постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува. Но, во изминативе две години на власт дојде некој кој си мислеше дека е доволно да го пресече јазолот и со тоа да го реши македонското прашање, и тоа по секоја цена.

И токму во тоа е проблемот. Кога сте подготвени едно прашање да решите по секоја цена, тогаш цената е највисока. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена и сега речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа на повеќе нивоа и во повеќе наврати.

Ќе почнам од крајот, а тоа е Преспанската спогодба…..

 

Целиот говор во продолжение!

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/432480030622691/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This