(Видео)CTPAШHИ СЛИКИ ОД ПЛЕТВАР: Шумскиот пoжap на Плетвар се проширува, снимките го покажуваат yжacoт

  • September 13, 2019

Огромен шумски пожар беснее од 15 часот на планинскиот премин Плетвар над Прилеп. Огнот се простира на потегот од Каменоломот кај селото Тројаци, а потоа се движи кон селото Топлица.

Поради огромните пламени јазици, кои буквално се надвиснуваа над самиот пат, густиот чад и намалената видливост, сообраќајот на регионалниот патен правец Градско – Прилеп е стопиран од 15.40 миинути.

Километарски колон на возила попладнево беа заглавении со часови од месноста Ленишки мост па по целата обиколница за Битола. Од ТППЕ Прилеп велат дека побарале помош од Дирекцијата за заштита и спасување затоа што не располагаат со доволен број на човечки ресурси и соодвтена механизација за ваков тип на пожари.

Пожарот и вечерва гори, а сликата е страшна.

Наши читатели ни испратија видео, на кое се гледа дека состојбата е навистина алармантна!

 

Претходно «
Следно »