ВИДИ МАЈКАТА: Албанците треба да бидат претставувани од партијата која добила поддршка од мнозинството, но не и Македонците!

  • January 18, 2017

Џевдет Хајредини, Исмет Рамадани, Мерсељ Биљали, Вулнет Амети, Алберт Муслиу. Ова се само дел од албанските „интелектуалци“ кои се потпишаа на апелот упатен до ДУИ во кој бараа партијата која освои најмногу гласови да не коалицира со ВМРО ДПМНЕ, практично вршејќи притисок да се игнорира волјата на мнозинството Македонци, односно да се формира Влада во која што победничката ВМРО-ДПМНЕ би била надвор, а на нејзино место би влегла СДСМ.

albanski-intelektualci

Албанските интелектуалци тоа и го аргументираа со оспорување на мнозинството од 455 000 македонски гласови .

-Огромен дел од гласовите што ги има добиено ДПМНЕ се некредибилни и нелегитимни, оти се обезбедени не по заслуга, туку со понижување, со превари и со заплашување на гласачите од другите етникуми во државата со Албанците, работа кое длабоко има допрено во душата на секој Албанец, стои во таканаречениот Апелот.

Истите овие таканаречени интелектуалци во 2014 година, наместо до ДУИ, упатија проглас до ВМРО ДПМНЕ барајќи да се почитува волјата на мнозинството Албанци и ДУИ да биде дел од идната Влада, иако ВМРО ДПМНЕ по освоените мандати ја имаше комоцијата да формира Влада и со ДПА.

–ВМРО-ДПМНЕ како најголема победничка партија на која според Уставот и важечките закони ќе и припадне мандатот за формирање на новата Влада, почитувајќи ја веќе изградената практика, се очекува да повика и политичка партија која ги претставува Албанците во формирањето на Владата. Ако Албанците ја немаат во власта партијата за која како мнозинството се определени, тие всушност остануваат без најосновниот определувач на својата политичка волја, остануваат без нивниот ориентир на нивното политичко однесување, односно го немаат основниот критериум на нивниот политички статус. Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати одлуката на албанскиот народ со толкава сериозност колкава и за волјата на македонскиот народ, и да ги почитува барањата на албанскиот народ произлезени од овие избори преку победничката партија во албанскиот политички табор, бараа албанските интелектуалци во 2014-та година.

Тие дури и ја предупредуваа ДПА да не помислува да преговара бидејќи тоа би било на штета на Албанците.

-Очекуваме ДПА да ги почитува 66.000 албански гласови и да има важна и конструктивна улога во политичките процеси во согласност со националните и државните интереси. Политичката синергија треба да биде во функција на нашите национални цели и на интересите на граѓаните. Албанските гласови така како што се добиени со одредени политички програми треба да ги зајакнат албанските позиции за кои сметаме дека се драстично релативизирани. Секое отстапување од оваа улога одредена од албанскиот гласач ќе се смета за уцена на процесот, кој несомнено ќе резултира на штета на Албанците, бараат тогаш Албанците.

Единствен од оваа група на интелектуалци кои останува на мислењето засега е Абдулменаф Беџети кој вчера за порталот Тетовасот изјави дека најприродната коалиција е на победникот со победникот.
bedjeti

Беџети во изјава за порталот Тетовасот вели дека останува на ставот после објавеното јавно писмо потпишано лично од Беџети во 2014 година каде се вели дека влада треба да состават партиите победнички и со тоа почитувајќи ја вољјата на граѓаните како од македонска страна така и од албанска.

-Останувам на тој став. Мислам дека денеска не може да се направи таа споредба само со бројот на мандатите или бројот на гласови кои структури прават повеќе од 50% на албанските гласови со право на легитимитет и во духот на принципите и демократијата? Ваквото сметање за жал го комплицираат и албанските гласови за македонските партии, кој со сигурност не знае колку се, вели Беџети за ТетоваСот.

Во 2014 исто така многу интелектуалци потпишаа отворено писмо до странските амбасадори во Македонија, НАТО и многу институции во земјата за да се почитува волјата на мнозинството гласачи како од албанска така и од македонска страна. Тие излегоа со отворено писмо за да се почитува волјата на гласачите и победниците да состават коалиција:

-ВМРО-ДПМНЕ , како најголема победничка партија, која според Уставот и законите на сила треба да го добие мандатот за составување на новата влада и почитувајќи ја досегашната пракса, треба да повика албанска партија која ќе ги претставува Албанците во новата влада….Доколку Албанците ја немаат во власта партијата за која масовно гласаа, тие навистина остануваат без ориентираниот политички субјект, пишуваше во апелот на албанските интелектуалци во 2014 година.

Исто така, тие во отвореното писмо од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се почитува волјата мнозинството Албанци.

-Бараме од ВМРО-ДПМНЕ, да ја прифати волјата на албанскиот народ исто толку сериозно колку и волјата на македонскиот народ, исто така да се почитуваат барањата на албанскиот народ произлезени од овие избори преку партијата која што е победничка во албанскиот политички кампус. Од ДУИ бараме на ниту еден начин да не дозволи да се прегази волјата на повеќе од 153.000 гласачи и да не стане инструмент на било која македонска партија, без притоа да прифатат било каков притисок и било какви игри на други политички партии, кои ја немаат волјата на мнозинството Албанци.

Отвореното писмо беше потпишано од Али Алиу, Алајдин Абази, Абдулменаф Беџети, Вулнет Амети, Насер Зибери, Џевдет Хајредини, Исмет Рамадани, Алберт Муслиу и претседателот на свеверозападната Стопанска Комора г. Мендерез Кучи.

Во 2014 беа организирани и трибини во кои истите овие интелектуалци ја подгреваа атмосферата и се закануваа дека за Албанците било неприфатливо доколку не биле претставувани од партијата која го освоила мнозинството и истите револтот би го изразиле со повторно одење во планина.

Тогаш Зибери го поставува и прашањето која би била логиката Албанците да одат на избори доколку во власта не биде партијата која што освоила мнозинство гласови.

– Неприродно е да се создава парламентарно мнозинство без партијата која што го има мнозинството на албанските гласачи и мандатите во Парламентот, беше ставот на Зибери.

-Може да се случи, неповикување на ДУИ кој што доби најголем број на гласови може да донесе до федерализација на државата. Значи Албанците дале поддршка на една партија и ако таа не влегува во власта, тогаш тоа ги остава Албанците без политичките инструменти. Тоа значи дека преку политиката нивниот глас не може да се артикулира и тогаш тие треба да излезат во планина, продолжува Зибери во излагањето на трибината во 2014 година.

Оваа трибина и ставовите на Зибери ги пренесуваше опозицискиот А1он.

ai0n-arhiva-2014-640x342

Кога ќе се навратиме на ваквите ставови на албанските интелектуалци и ќе ги споредиме со оние кои што ги имаат денеска, неминовно мора да се постави прашањето: Кога и зошто се сменија ставовите на албанските интелектуалци?

Сето ова повлекува дека ова е уште една потврда на претпоставката дека во суштина не се работи за автентично барање на албанските интелектуалец, туку за сценарио на Сорос/СДСМ и Беса.

Во игра се парите на СОРОС, директното политичко влијание на СДСМ и БЕСА со цел да се фингира во општеството привидност дека сите се против составување на Влада предводена од ВМО-ДПМНЕ, а во суштина станува збор за политичка игра на неколкумина фактори поразени на последните избори.

Прибегнувањето кон вакви методи укажува и на очајот на СДСМ и огромниот страв и паника по изборниот пораз и желбата да се продолжи кризата преку неформирање на влада по секоја цена повторно втурнувајќи ја државата во уште поголема криза.

По се изгледа дека овие т.н. интелектуалци слугуваат на СДСМ и до збор ја пренесуваат најапсурдната теза до сега која не е применувана никаде во светот до сега: „поголемиот дел од гласачите се определиле за промени“, односно тврдат дека ако некоја партија не освои апсолутно мнозинство на избори не смее да формира влада со „обична победа“, што е на рангот на размислување на дете од предучилишна возраст и во корен ги подрива темелите на демократијата.

Претходно «
Следно »