(Видeo) ФАШИ3MOT ПOBTOPHO СЕ ПOJABИ ВО EBPOПА: Турски министер објави шokaнтно видео, Гpците ги пaлат мигpaнтите со бeнзин

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, на социјалните мрежи сподели видео на кое може да се види како грчките безбедносни сили истураат бензин врз непријавените мигранти и се обидуваат да ги запалат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на интернет-страницата на Командата на Крајбрежната стража на Турција наведено е дека бродот на Крајбрежната стража, што патролирал низ водите недалеку од Чешме, во Измир, забележал дека илегален мигрантски брод од грчка страна е турнат назад во турските територијални води.

Наведено е дека Грчката крајбрежна стража го турнала бродот назад во турските територијални води и покрај сите предупредувања, по што тимовите на Турската крајбрежна стража спасиле 41 мигрант и ги префрлиле на пристаништето Чешме.

На ногата на еден од мигрантите забележана е изгореница, поради што е предаден на персоналот на итната помош.

Во својата објава на профилот на Твитер, со ознаката „@EU_Commission“ министерот за внатрешни работи Сојлу сподели снимки од Грчката крајбрежна стража како го турка илегалниот мигрантски брод назад во турските територијални води.

На видеозаписот може да се види како еден од непријавените мигранти говори за тоа како грчките сили по него истурале бензин.

„Грчката полиција ни ги зеде парите, телефоните. Жена која ни рече да одиме донесе бензин, го истури по нас и го запали. Полицијата ни рече: ‘Изгоревте, бидејќи не отидовте во Турција’“, раскажа мигрантот. Министерот Сојлу го сподели ова видео и го напиша следното:

„Обидот на грчките безбедносни сили да ги запалат луѓето, истурајќи бензин врз нив, претставува вршење масакр пред очите на Европа. Сè додека Европа ја гали Грција и молчи на сè што се случува, во историјата ќе влезе како поттикнувач на ова зло.“