ВИЕ СТЕ БЛОКИРАНИ ОД ПЛАТЕНИЦИТЕ И ПРАТЕНИЦИТЕ: Функционерите на СДС, пратениците и платениците блокираат корисници на социјалните мрежи!

  • July 19, 2017

„Барам дебата, молам бога да не ја најдам“ – ова е девизата по која се водат во СДСМ деновиве.

Транспарентноста во работата на новата влада и дефинитивно останува само мит. Министрите, пратениците и платениците на СДСМ ги блокираат на социјалните мрежи сите неистомисленици и критички настроени граѓани кои им упатуваат прашања за кои во СДСМ сметаат дека се непријатни.

Сосема нормално е граѓаните да се интересираат за ветувањата на СДСМ за кои не се ни зборува, а камо ли да се реализираат, но и да упатуваат критики за работењето на владата. Ова не само што е загарантирано право на секој граѓанин, туку и самиот Заев јавно посака односот на медиумите и граѓаните да биде критички кон владата, нагласувајќи дека владата ќе биде отворена за критика и максимално транспарентна за своето работење.

Но, и од овие ветувања нема ништо, токму напротив. Уште на самиот почеток на владеењето на СДСМ на површина започна да излегуваат појави од тоталитарната матрица на нивните идеолошки претходници.

Покрај пресметката со медиумите кои Заев ги прогласи за политички непријатели, цензурирањето критички портали во објектот на Владата и заканите и уцените кон телевизиите, СДСМ падна на испитот за транспарентност и дебата не само во Собранието туку и на социјалните мрежи.

Се почести се корисниците на твитер кои јавно соопштуваат дека биле блокирани од некој од пратениците или платениците на СДСМ, како што се министерот Алаѓозовски, пратениците Богоевски, Туфекџиќ, Богоев и Зекири и активистите и платениците на СДСМ како Влатко Васиљ кои се вработија во секторот за комуникации на владата.

Еден корисник ја постираше оваа слика на која се гледа дека е блокиран и од Алаѓозовски и од Васиљ.


„Културашот“ не е единствениот министер кој блокира, рамо до рамо со него е и министерот за внатрешни, Спасовски.



Многу твитерџии пријавиле дека се блокирани и од т.н. граѓански активисти кои одработувајќи за СДСМ станаа пратеници во Парламентот. Блокира Туфте, блокира и Павле. И не само тоа, туку се и горди на тоа и се фалат јавно дека го оневозможуваат правото на граѓаните да им поставуваат прашања:

Тука е и екс „независниот објективен новинар“ за каков се претставуваше Мухамед Зекири пред да стане пратеник и потпретседател на СДСМ. Тој, покрај проколнувањето на хомосексуалците, на социјалните медиуми наоѓа време и да ги блокира неистомислениците:


Со блокирањето, на корисниците на социјални мрежи им се забранува правото да ги следат профилите на овие државни функционери, да коментираат и да бараат дебата за одредени прашања кои се од јавен интерес.

Јасно е дека дебатата постои само во кампањите на СДСМ, реално од неа – нема ништо. Најсвеж пример е договорот со Бугарија, за кој Заев побара затворена седница, исклучувајќи ја јавноста од можноста да биде информирана за ова прашање за кое е потребен национален консензус.

Претходно «
Следно »