January 19, 2021, 2:28 am

Визер уkинa уште неколку линии од Скопје и Охрид

Поврзано

И жените ќе се пензионираат на 64 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во готувањето на ТВ 24 истакна дека во собраниска процедура во...

Излижaa каде плykaa: Нели со Србија раководеше националистичко раководство?

-Премиерот Зоран Заев, штотуку соопшти одлична вест, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потврди дека Србија ќе ни помогне...

(Видео) Ги фaлeшe во живо СДСМ додека вози: Мартин Костовски е kaзнетиот пратеник од СДСМ

Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, снимаше видео на мобилен телефон додека возеше. Видеото го објави на социјалните мрежи пред...
- Advertisement -

Визер“ е во процес на суcпензија до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, најголем број отkaжувања ќе има Скопје, главниот град на Македонија, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат cyспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

Превозникот планира да обнови некои линии во ноември и декември, но мала е можност за тоа. Повеќето летови нема да бидат обновени до летната сезона следната година, која започнува кон крајот на март.

„Визер“ е во процес на обновување на некои линии кои беа привремено откажани за време на летниот период, вклучително и на Скопје-Турку и Белград-Ларнака, додека летовите на линиите Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Скопје-Баден Баден, Скопје-Рим, Скопје Милано, Скопје-Малта и други повторно ќе бидат воспоставени за еден до два месеци.

И покрај намалувањето на сообраќајот во поранешна Југославија, „Визер“ се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка.

Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето.

Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети. Визер не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Сепак, постојните операции се значително поголеми од активностите на повеќето други европски авиокомпании, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

Листа на ykинати летови

Route Resumption date

Skopje – Salzburg MAR 29

Skopje – Charleroi DEC 5

Skopje – Larnaca MAR 28

Skopje – Copenhagen NOV 1

Skopje – Beauvais DEC 5

Skopje – Bremen MAR 28

Skopje – Hanover MAR 29

Skopje – Baden Baden DEC 5

Skopje – Nuremberg OCT 25

Skopje – Budapest DEC 4

Skopje – Milan DEC 5

Skopje – Rome DEC 6

Skopje – Venice DEC 6

Skopje – Malta DEC 5

Skopje – Sandefjord MAR 29

Skopje – Bratislava DEC 4

Skopje – Barcelona MAR 28

Skopje – Stockholm Skavsta MAR 28

Skopje – Vaxjo MAR 28

Ohrid – Vienna DEC 5

Ohrid – Basel NOV 10

Ohrid – Dortmund DEC 5

Ohrid – Memmingen MAR 29

Ohrid – Milan MAR 28

Ohrid – Malmo DEC 4

Ohrid – London Luton DEC 7

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Внимавајте утре: Најавена блоkaда патот кон Пониква поради вежби на МВР

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај...

More Articles Like This