ВИКЕНДОВ ПОВТОРНО ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Денес сончево и многу топло

  • June 27, 2019

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Веќе од утре и за време на викендот се најавува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо намалување на температурите, а од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.

Во петок понекаде можна е појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи

Претходно «
Следно »