ВИКИЛИКС БАРА ОД ХАКЕРИТЕ ДА ГИ ,,ПРОТЕЧАТ“ ДАНОЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП

  • January 23, 2017

Сајтот Викиликс, кој за време на кампањата пред изборите во САД беше мета на критики дека објавува само материјали штетни за демократската кандидатка Хилари Клинтон, го објави барањето на Твитер.

wikileaks

Trump Counselor Kellyanne Conway stated today that Trump will not release his tax returns. Send them to: https://wikileaks.org/#submit  so we can.

Во втор твит, Викиликс го спореди прекршувањето на ветувањето на тазе инаугурираниот американски претседател дека ќе ги објави своите даночни информации со Клинтон и нејзиното криење на транскриптите од говорите за Голдман Сакс.

Trump’s breach of promise over the release of his tax returns is even more gratuitous than Clinton concealing her Goldman Sachs transcripts.

Трамп беше под големи критики за време на кампањата откако Њујорк тајмс објави дека ја искористил загубата од речиси една милијарда долари за да избегнува плаќање федерален данок. Тој неколку пати одби да ги објави даночните податоци тврдејќи дека е под даночна ревизија, но вети дека ќе го направи тоа откако ќе заврши процесот.

Конвеј, меѓутоа, вчера во интервју за Еј-би-си кажа дека тој нема намера да го исполни ветувањето, тврдејќи дека народот едноставно не е заинтересиран.

„Одговорот на Белата куќа е дека тој нема да ги објави своите даночни информации“, изјави таа.

Американските претседатели немаат обврска да ги објават своите даночни информации, но уште од Ричард Никсон сите шефови на Белата куќа го правеа тоа доброволно.

 Викиликс побара објавување на даночните информации на американскиот претседател Доналд Трамп откако советничката на Трамп Келиен Конвеј кажа дека тој нема да ги објави спорните документи.
Претходно «
Следно »