ВИКТОРИЈА НУЛАНД СИ ДАДЕ ОСТАВКА: Жената позади чие име стојат низа насилни протести си даде оставка!

  • January 24, 2017

Помошник-државниот секретар за европски прашања Викторија Нуланд си даде оставка на функцијата во Стејт департментот, по служба во три администрации на Бил Клинтон, Џорџ Буш и на Барак Обама.

nuland_ukraina

Нуланд досега успешно ги преживуваше смените во Белата куќа и работеше подеднакво успешно и за републиканците и за демократите. Според агенцијата Ројтерс, која прва јави за веста, Нуланд дала оставка иако била на листата на функционери од кои новиот претседател Доналд Трамп побарал да останат, ако ништо повеќе, барем додека трае транзицијата.

Нуланд е дипломат од кариера и функцијата што ја имаше досега е највисоката што може да ја достигне еден дипломат во САД, надвор од политичките именувања. Нејзината оставка го пресретна именувањето на Рекс Тилерсон за државен секретар кој конечно доби поддршка од Сенатот и стапува на функцијата.

Околу името на Викторија Нуланд се вртат доста голем број на контроверзи. Имено, јавноста во Украина ја познава како креаторот на насилната револуција „Евромајдан“, а во еден наврат дури беше и објавен нејзин телефонски разговор во кој таа пцуе по ЕУ, и Украина велејќи дека не и е грижа дали ќе загинат луѓе.

Освен ова и се препишуваат и насилствата на Таксим, каде што во организацијата на протестите учествувал и сегашниот амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли според турските медиуми. Анархистичките протести во Грција, но и оние во Македонија се сметаат како „заслуга“ токму на Нуланд.

Претходно «
Следно »