ВИЛМА НА ВЕЧЕРА, KPИMИHAЛOT СТОО: Што разговараше Вилма Русковска на вечера со Кире Наумов од СДСМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако по кој знае кој пат македонската јавност денес повторно се увери дека живееме во хибриден режим, во кој правото е сведено на инквизиција, а според пресудите се знае кој е „човек на Заев“, а кој е критичар, еве се уште сум во редакција и подготвувам стратегија за начинот на кој меѓунардоните партнери на Македонија најдобро ќе бидат запознаени со режимот во земјава, и уште еднаш ќе размислат дали заслужуваме датум за ЕУ – цврсто сум уверен дека не заслужуваме

 

И додека ја подготвував стратегијата за реакција по денешната пресуда, еден мој добар пријател ми испрати фотографии кои дополнително ми ја потврдуваат намерата. Македонија не заслужува датум за преговори, дефинитивно. Барем не додека во земјава шефови на обвинителства се луѓе како Вилма Русковска.

Еве на пример вечерва, Русковска наместо да се сокрие некаде во некоја пештера, засрамена што е икона на инквизицијата во земјава, таа заедно со директорот на Македонската банка за обнова и развој Кире Наумов, и уште двајца бизнисмени вечераше во еден познат ресторан во Градскиот парк во Скопје.

Од она што ми го кажува пријателот кој ми ги испрати фотографиите, имало и интересни муабети.

Јас уште не сум го слушнал аудио-записот од разговорот, ама, му верувам на пријателот. Сепак да ја прашам Русковска:

– Дали со Кире Наумов, директор на Македонска банка за обнова и развој, разговарала за изградба на спа центри низ Македонија?
– Дали се барале ургенции во министерство за транспорт за да се обезбеди земјиште и локација за изградба на тие спа центри?
– Дали се работи за истите проекти кои Боки 13 ги нудел на бизнисмените?
– Дали Русковска разговарала за некои тендери за осветлување во една општина?

Точно ли е обвинителке Русковска дека пред некој ден во истиот тој ресторан сте биле заедно со министерот за здравство Венко Филипче? Со професорот и советник на Зоран Заев, Зоран Верушевски? Што разговаравте?

Еве не знам.

Пишува
Новинар и осуденик во време на едноумие
Александар Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This