ВИСТИНСКИ РЕФОРМИ СЕ ПРАВАТ НА ОВОЈ НАЧИН: Платите им ги зголемиле за 50% за да не си заминуваат од земјата

  • April 30, 2019
  • Коментари

Просечната нето плата во Романија на почетокот од годинава се зголеми на околу 620 евра, што е за околу 50 отсто повеќе за разлика од пред две години. Според „Романија инсајдер“, само минатата година платите на медицинскиот кадар, наставниците и на професорите се зголемија за околу 30 отсто.

Со оглед на тоа што се почувствува и недостиг на градежни работници, нивните плати на почетокот на оваа година се зголемија за 40 отсто, благодарение на значајното зголемување на минималната плата.

Платите на вработените во романското јавно здравство се зголемија за дополнителни 70 отсто. Една медицинска сестра заработува најмалку 556 евра, додека оние со виша стручна спрема најмалку 645 евра, не рачунајќи ги и големи бонуси.

Општите лекари земаат најмалку 1.960 евра. Поради прекувремените часови и работата во Итната служба, лекарите месечно можат да заработат и двојно повеќе. Најдобро платените лекари примаат повеќе од 4.000 евра месечно, тврди „Романија инсајдер“.

Претходно «
Следно »