ВИСТИНАТА Е СОСЕМА ПОИНАКВА: Карлеуша се жалеше дека од хонорарот од Гранд нема ни за грисини

  • January 27, 2018

Веќе неколку  месеци во јавноста се шпекулира околу тоа дали членовите на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ се платени за учество во таа програма или не.

Меѓутоа, како што стојат работите, изгледа дека никогаш нема да добиеме одговор на тоа прашање, со оглед дека Јелена Карлеуша и директорот на „Гранд продукција“ изнесуваат сосема поинакви приказни. Имено, додека Саша Поповиќ тврди дека Јелена има и повеќе од добар хонорар, Карлеуша вели дека бесплатно учествува како дел од жирито објаснувајќи дека од хонорарот на Поповиќ нема ни за грисини.

-На Душко му  купив часовник за роденденот, но секако дека тоа не беше од хонорарот на Поповиќ!Од неговиот хонорар не можам ниту грисини да си  купам. Работам во жирито за добар рејтинг, добри односи со „Гранд“ и со Саша и навистина немам хонорар. Не знам за другите, можеби тие зимаат некакви пари и имаат други интереси“, кажала Јелена.

-Карлеуша не седи за џабе во жирито, не грижете се!Заработува таа многу повеќе од сите нас“, кажал Поповиќ кој потоа ја пофалил Јелена:„Неодамна бев на нејзин настап и бев фасциниран. Таа навистина изгледа светски на сцена и немаше ниту еден фалш за два часа, колку што и траеше настапот. Пее одлично и евидентно е дека од кога таа е во жирито „газиме“ со рејтингот. Секако, нема да ги потценува останатите членови на жирито, но Јелена навистина предизвикува посебно внимание“, заклучил Поповиќ.

Претходно «
Следно »