Вице Заев дeмaнтиpa поврзаност со компанијата „Винекс Текстил“ во чиј камион беше пронајдена швepцyвaнa poбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево полицијата пронашла камион полн со нецаринета роба во Шутка. Двајца шофери на фирмата Сакаов Транс од Струмица се приведени во полициската станица во населба Шутка поради превоз на брендирана роба.

Фирмата која ја увезува робата е Винекс Текстил од Струмица. Извори во полицијата пак, шпекулираат дека во компанијата на бизнисменот Крмзов од Струмица, ко-сопственик е братот на Зоран Заев, Вице Заев.

Покрај брендираната облека, во камионот се пронајдени и авто делови за автомобили марка Ауди и Мерцедес.

Поради инволвираноста на добро познати лица од Струмичкиот регион во скандалот извори за Инфомакс велат дека во моментов се врши голем притисок да бидат ослободени од притвор шоферите на камионот.

Братот на премиерот пак, Вице Заев, за „Инфомакс“ демантира дека тој има било каква поврзаност со компанијата „Винекс Текстил“ која е и увозник на шверцуваната роба.

„Апсолутно тврдам дека немам никаква поврзаност со таа фирма. Ниту сум сопственик, ниту ко-сопственик, ниту акционер, малцински акционер, ниту имам уддели во таа компанија. Тоа што јас се познавам со бизнисменот Крмзов, не ме прави и автоматски сопственик на фирмата. Струмица е мало место, сите се знаеме и се дружиме. Но јас немам никаква поврзаност со фирмата.“ – вели Вице Заев, демантирајќи ја информацијата во изјава за „Инфомакс“.

Тој апелира, ако било кој има било какви документи или докази дека има било каква поврзаност со овој случај да ги објави.

„Еве и апелирам, ако има било какви докази да се објават. Било кој и да има нека ги објави. Јас знам дека никогаш не сум бил инволвиран во бизнис со таа компанија. Ако треба и нека се извади и генеза на фирмата да се види дека никогаш сум немал никаква поврзаност со нив.“ – додава Вице Заев.

Во меѓувреме, шоферите на камионот се ослободени, а камионот ја растовари робата на пазарот во Шуто Оризари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This