September 24, 2020, 8:28 am

Вице Заев најавува тyжбa пpoтив ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

Koвид-19 нajвaжeн пpeдизвик за дpжaвaтa вo cлeднитe мeceци

Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните...

Bлaдиниoт кaбинeт кoмплeтиpaн, кoи ce 16-тe зaмeници миниcтpи?

Со потребното мнозинство од 62 гласа, Собранието ги изгласа новите заменици министри во Владата. Башким Хасани, е избран за заменик...

Собранието ги изгласа заменик-министрите

Со 62 гласа „за“ и 44 пpотив и ниту еден воздржан Собранието вечерва ги изгласа заменик-министрите на Владата. Дебатата...
- Advertisement -

Вице Заев се огласи по денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ.

По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката, професионалноста и моралот и како со невиден аматеризам го доуништиваат она што останало во нивните редови, реагира Вице Заев, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое прашуваат дали Вице Заев, братот на Зоран Заев е нарачателот на палењето возила во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ, ги повикувам, ако не е лага тоа што го тврдат, тогаш веднаш, се што имат како доказ или сомнеж да го однесат и пријават во обвинителството и во сите надлежни институции и слободно да го објават јавно. И јас сум подготвен да одговарам. Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд.

Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата, се наведува во писмената реакција. Јас Вице Заев, додава тој, не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора се секој да се појави пред суд, да го докаже тоа шшто го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува, вели Вице Заев.

Latest News

Пpвпaт цpнoгopcки пpeтceдaтeл дa бojкoтиpa кoнcтитyтивнa ceдницa

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја бојкотираше вчерашната конститутивна седница на Собранието на Црна Гора. Тоа е првпат од прогласувањето на...

ВИДЕО: Тотенхем пристигна во Скопје и се 3aтвори во хотелот „Хилтон“

Тотенхем притигна во Скопје, тие се сместени во хотелот „Хилтон“ во близина на салата на СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром. Играчите и стручниот штаб немаа...

Koвид-19 нajвaжeн пpeдизвик за дpжaвaтa вo cлeднитe мeceци

Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, но според сегашните проценки,...

СЗО ja мeнyвa cтpaнaтa: Имa нaмepa дa ja пoддpжи пpoмoцијaтa нa pycкaтa вakцинa пpoтив кopoнaтa Cпyтник V

Светската здравствена организација има намера да ја поддржи промоцијата на руската вакцина против вирусот корона Спутник V, изјави директорот на СЗО во Европа, Ханс...

Bлaдиниoт кaбинeт кoмплeтиpaн, кoи ce 16-тe зaмeници миниcтpи?

Со потребното мнозинство од 62 гласа, Собранието ги изгласа новите заменици министри во Владата. Башким Хасани, е избран за заменик на министерката која раководи со...

More Articles Like This