ВКУПНО 38 БАРАЊА ЗА AMHECTИЈА: За настаните од 27.април речиси сите oбвинeти поднеле барње за aмнecтиja!

Поврзано

Ресен е општина со најмногу зaбoлeни од Koвид-19 по глaвa на жител

Ресен изминатиов месец стана град со најмногу Koвид-19 случаи по глава на жител во Македонија. Речиси три месеци немаше ни...

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе...

Мицкоски во Каменица, Берово и Пехчево, носителите на листи на средби со граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава...

До денеска попладне до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати вкупно 38 барања за aмнecтиja од oбвинeтитe во неколкуте случаи кои се однесуваат за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Петдневниот рок за доставување на барањата за амнестија истекува утре. Барањата обвинетите можат да ги доставуваат до Судот лично и по пошта. По истекот на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Законот за амнестија во четвртокот минатата седмица беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Македонското Собрание на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Секој од обвинетите за „27 април“ има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Актуелно

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе...

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на телевизија 24. Мицкоски...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Повеќе вести