Владата во портокалово: Нулта толерација за нас илството врз жените

  • November 25, 2018

По повод светскиот ден за борба против сите форми на нас илство врз жените 25 ноември, зградата на Владата денеска е осветлена во портокалово, која е симбол на оваа бор ба.

-Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на нас илство врз жените и девојките. Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против наси лството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата. Нас илството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на тоа, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки, почнува денеска и ќе трае до 10 декември. Целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против нас илството врз жените и девојките.

Освен осветлувањето на Владата, ќе се одржат дебати и работилници низ цела Македонија, кои ќе бидат дел од активностите и кампањата „16 дена активизам”.

Според Обединетите нации, една од три жени во светот е жрт ва на насилство.

Претходно «
Следно »