ВЛАДАТА ГИ НАМАЛИЛА ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ЗА 170 МИЛИОНИ ЕВРА: Христијан Мицкоски гостин во дневникот на Сител на тема локални избори!

  • August 18, 2017
  • Коментари

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Сител телевизија говореше за изборот на кандидати за локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври. Досега од таму потврдија пет имиња како кандидати за градоначалници, во општините Кривогашнтани, Велес, Петровец, Куманово и Струмица.

-Тоа се кандидати за градоначалници кои што се почитувани во своите општини, во средините од каде што доаѓаат и потекнуваат. Нормално тие се резултат на една теренска анкета, консултација со граѓаните, распрашувања и врз основа на сите тие параметри констатиравме дека тие се најдобрите кадидати за градоначалници во тие општини. Мотивирани од таа причина ИК на ЦК одлучи да му ги предложи овие пет имиња за потенцијални кандидати за градоначалници, изјави Мицкоски.

Тој најави дека во периодот кој следува партијата ќе промовира и други кандидати за градоначалници, тој кажа и дека процесот на анкетирање и на распрашување е се уште во тек, така што најави дека наскоро ќе се знаат имињата на одредени кандидати.

 

Претходно «
Следно »