ВЛАДАТА ГИ ОТФИКАРИ ГРАЃАНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА: Гасоводот ќе се гради низ Водно бидејќи друга алтернатива ќе предизвика фининсиски импликации

  • September 13, 2018

Директорот на јавното претпријатие Македонски енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, во дебата посветена на изградбата на гасоводот по сртот на Водно во емисијата “Економски Магазин“ на Алсат-м телевизија, потврди дека и покрај спротиставувањето на граѓанските здруженија за спас на Водно, гасоводот ќе проголжи да се гради по веќе зацртаната траса низ Водно.

-Изградбата на гасоводот низ Водно секако дека ќе продолжи и тоа од три причини. Првата бидејќи ние ги поседуваме сите видови валидни документи кои се правосилни, сите видови дозволи од важни институции во земјава и секако поради други две причини, затоа што цениме дека во оваа фаза на реализирање на проектот не е можно да се прекинат работните активности, и второ бидејќи нема алтернативна траса која е помалку штетна за градот Скопје и трето бидејќи другиот дел каде треба да се гради како алтернатива во оваа фаза ќе предизвика големи фининсиски импликации, рече Бајрам Реџепи, директор на МЕР.

На прашање на новинарот дали е можно да се смени трасата за изградба на гасоводот, затоа што и невладините организации се против оваа траса, директорот на МЕР, Реџепи одговори дека, во оваа фаза од реализацијата на проектот е невозможно да се разгледа опцијата за промена на трасата на гасоводот, бидејќи ценеле дека влијанието на реализација на проект кој поминува низ Водно врз градот Скопје е релативно мало, дури и незначително.

Претходно «
Следно »