October 27, 2021, 9:22 pm

Владата именуваше нов член на Комисијата за историски прашања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја е именуван нов член во Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Тој ќе им се приклучи на моменталните членови на комисијата од македонска страна: претседател е академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ, професорите од ИНИ – Ванчо Ѓорѓиев, Петар Тодоров, Дарко Стојанов, како и историчарот Александар Литовски од Националната установа Завод и музеј – Битола, професорката Љубица Спасовска, научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија и Љупчо Ристески – антрополог, професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште лани рече дека инсистира во Комисијата да има и член Албанец бидејќи, според него, ова е заедничка битка, така што заедничкиот ангажман за ова прашање ќе не зближи многу.

Тоа е можност да се создаде блискост, но и да се остави наследство дека Албанците биле важен чинител кога се решавале некои важни прашања. Се разбира дека работам на тоа и наскоро ќе има решение. И се разбира дека јас ги согледувам работите и го утврдувам моментот кога е најдобро да се направи тоа за да не се направи штета на процесот, рече Османи.

Latest News

Заев: Нема да дозволиме никој да ѝ го ykpaде европскиот дух на Гевгелија

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот,...

More Articles Like This