ВЛАДАТА МУ СЕ ИЗВИНИ НА КУРЦ: Упатено извинување до Австрија – грешката била поради огромната сличност на знамињата

  • September 7, 2018

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на сојузниот канцелар, Себастијан Курц, во Република Македонија, со поставувањето на латвиското место австриското знаме пред зградата на Владата.

– Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Претходно «
Следно »