ВЛАДАТА НА СДСМ НЕ МОЖЕ ДА ИЗГАСНЕ ОБИЧНА ДЕПОНИЈА: Алијанса и Владата на СДСМ во Струга тераат бизнис со сопствениците на депонијата

  • June 27, 2017
  • Коментари
Пожарот во струшката депонија вчера попладне повторно се активираше. Додека граѓаните се сериозно загрижени за своето здравје и загадувањето, новата влада повторно ја покажува на дело својата неспособност.

Пожарот избувнал вчера пред 14 часот и горела југозападната страна на депонијата, а на теренот огнените пламени се гасеа само со една цистерна со вода.

Црни облаци чад се надвиснуваа над Струга, се шири непријатна миризба, а дуваше и ветер. Поради тоа чадот забрзано се шири кон градот и околните села.

Жителите на Струга веќе со години бараат решение за проблемот со дивата депонија, но револтот стана посилен откако истата беше опожарена и оставена да гори со денови. Депонијата се наоѓа на само 500 метри од градот.

Ова ново активирање на пожарот доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.

Граѓаните бараат дислоцирање на депонијата. Надлежните ветуваат дека ќе се бара соодветно решение за проблемот, но засега освен нивната неспособност на виделина, решение нема.

Петкоски: Алијанса и Владата на СДСМ во Струга тераат бизнис и поради тоа ги трујат граѓаните

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски во своето обраќање на панел дискусијата организирана од партијата за заштита на иивотната средина, рече дека Алијансата на Зијадин и Села и Владата на СДСМ во Струга тераат бизнис и поради тоа ги трујат граѓаните.

Тој истакна дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Општина Стуга активно се ангажираат за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалникот одбива да прифати било какви сугестии.

Проблемот постои веќе 10 години од времето кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко и продолжил во мандатот на Зијадин Села и новиот градоначалник додаде Петковски.

Според него проблемот општината одбива да го реши поради бизнисот кој општината го прави со сопствениците на депонијата. Од буџетот на Општина Струга на годишно ниво се одвојуваат 100 илјади евра за исплаќање на депонијата иако сопствениците не ги исполнуваат потребните услови за да се заштити животната средина како на пример редовно тампонирање.

Петковски додаде дека граѓаните од општината бараат бизнисот да го остави на страна и да се работи за доброто на граѓаните. Депонијата негативно влијае и на туристите кои благодарение на лошото работење на локалната власт секоја година ги има се помалку. Во иднина спорет Петковски треба посериозно да се пристапи кон проблемот.

Претходно «
Следно »