ВЛАДАТА НЕМА КАПАЦИТЕТ ДА СЕ СПРАВИ СО ПОЖАРОТ: ЦУК бара меѓународна помош, Владата неспособна!

  • August 1, 2017

Центарот за управување со кризи со кој раководи Аргон Буџаку денес бара меѓународна помош за гаснење на пожарите во околината на Македонски Брод, откако во изминативе десет дена ја игнорираше состојбата и повиците за помош од институциите и Владата од мештаните кои сами се обидуваа да се справат со огнената стихија.

 

Координативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари на денешната седница во Центарот за управување со кризи ја разгледа моменталната состојба со пожарите во регионот на општина Македонски Брод и донесе заклучок со кој се предлага Владата, преку Управувачкиот комитет, да започне активности за барање меѓународна помош од странство за поддршка од воздух.

– Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари, по разгледување на состојбите и можностите на ресурсите и непристапноста на теренот,  предлага преку Управувачкиот комитет, Владата на РМ да започне активности за барање меѓународна помош од странство за поддршка од воздух на билатерална основа, се наведува во соопштението од ЦУК.

Координативното оперативно тело, се додава, согласно расположивите податоци и анализи, заклучи дека со пожарите во реонот на Македонски Брод успешно се справуваат во смисла на заштита на населените места, но дека е потребен натамошен ангажман на ресурсите на расположивите субјекти.

Мештаните и медиумите со денови апелираа дека е потребна поголема ангажираност од институциите за справување со пожарот кој се шири со голема брзина и пеплосува голема површина на борова шума. Владата предводена од Зоран Заев и ЦУК со кој раководи Агрон Буџаку останаа глуви на апелите кои десет дена се упатуваа до нив. Слухот кај нив најверојатно проработе во текот на вчерашниот ден кога ситуацијата стана повеќе од алармантна откако пожарот влезе во селото заканувајќи се по животите на луѓето и нивните куќи, по што следеше евакуација на 28 лица.

Претходно «
Следно »