ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Северна ќе отвора амбасада во Атина и генерален конзулат во Солун

  • February 5, 2019

Владата на Република Македонија донесе одлука за отворање амбасада на Република Северна Македонија во Република Грција со седиште во Атина.

Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е донесена на денешната 118-та седница на Владата на која е донесена и одлука за отворање на отворање Генерален конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун.

Одлуките, како што наведуваат во соопштението, ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Претходно «
Следно »