Владата реши нов клинички центар да се гради на територијата на општина Карпош

  • March 28, 2018

Владата на Република Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата за започнување на проектот за изградба на комплекс универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош.

Министерството за транспорт и врски и соодветните институции и општина Карпош да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко–проектни документи за 2018 година.

Со оваа одлука на Владата, Министерството за здравство треба да му препорача на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да формира стручна комисија и да спроведе јавен конкурс за идејно решение на дел од комплексот универзитетски клинички центар, соопшти службата за информирање на Владата.

Претходно «
Следно »