ВЛАДАТА СО МИЗЕРНО ОБЈАСНУВАЊЕ:Буквите се извадени затоа што се подготвува поставување знамето на НАТО

  • February 11, 2019

Утринава владината фасада осамна без натписот „Владата на Република Македонија“, со цел согласно Договорот од Преспа да се постави новото уставно име кое ќе ја содржи придавката „Северна“. Од Владата појаснуваат дека буквите биле отстранети рано утринава бидејќи, како што велат, на платото пред Владата во текот на денот ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето.

Новиот натпис, пак, ќе биде поставен на владината фасада откако во Службен весник ќе биде објавено дека Грција ги ратификувала Договорот од Преспа и протоклот за членство на Македонија во Алијансата.

Буквите од влезот на Владата (горе) се извадени во рамки на подготовките за употребата на новото уставно име на државата. Промената е направена рано утрово бидејќи во текот на денот предвидени се подготвителни активности на платото пред Владата за церемонијата на подигнување на знамето на НАТО пред Владата“, велат од Влада.

Претходно «
Следно »